19.12.2022 Скопје
Премиерот на Косово, Албин Курти оцени дека ситуацијата на северот на Косово е тензична поради дејствијата на Белград.
За барањето на Србија за враќање на 1.000 српски војници и полицајци во Косово, премиерот Курти изјави дека српскиот претседател Александар Вучиќ има за цел да се врати во минатото, но дека тоа не е можно бидејќи меѓународниот суд на правдата пресудил во корист на прогласувањето на независноста на Косово.
Курти истакна дека Европската Унија и САД вршат голем притисок врз Србија да избере меѓу демократскиот Запад и Русија и дека поради тоа претседателот Вучиќ ја одолговлекува конечната одлука за стишување на тензиите на северот на Косово.
Премиерот Курти додаде дека владата што тој ја предводи е многу загрижена за ситуацијата на северот, и многу внимава на моменталната ситуација која е тензична поради барањата на претседателот Вучиќ.
Подготвено од М.Н.