kukjichka na drvo

09.12.2022 Скопје

Осум километри од Плитвичките езера се наоѓа ресорт, кој во својата понуда има и ноќевање на единствена куќичка која се наоѓа во крошна на дрво.

Комплексот има различни единици за сместување, а погледот од куќичката на дрво е незаменлив особено во зима.

Цената за ноќевање на Booking се движи од 275 до 472 евра за резервација без поврат на средствата во случај на откажување.

Куќичката на дрво нуди „глампинг“ чувство и поинакво искуство.

Посетителите на „Booking“ се задоволни, што се гледа од нивните коментари, каде велат дека одморот во овој комплекс носи прекрасно искуство, поврзување со природата и бегство од стварноста.

Особено пријатно е во куќичката на дрво кога низ големиот стаклен прозорец кој се протега дури до покривот, гледате како паѓа снег.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author