24.12.2022 Скопје
Колку повеќе се продлабочува политичката криза во Бугарија, толку повеќе земјата се доближува до имплозија, во која целиот политички систем ќе се столчи навнатре додека конечно повеќе не може да функционира.
Анкетите ги прикажуваат знаците на ова сосема предвидливо рушење на политичкиот систем до непрепознатливост, а не само неговото кршење, кое сепак би можело да се поправи.
Институциите се во тотална криза на доверба – парламентот практично не функционира, партискиот систем е речиси делегитимиран – расположението за гласање се стопи на една третина од гласачите, а политичарите се главно поддржани само од сопствените гласачи.
Истражувањето на „Егзакта“ покажува дека речиси сите лидери на партиите застапени во парламентот немаат поддршка од околу и над 70 отсто. А, како виновници за кризата граѓаните ги посочуваат сите партии, вклучително и вонпарламентарните.
Подготвено од А.Ѓ.