15.12.2022 Скопје
На големата сцена во Театарот „Јордан Х. К. – Џинот“ во Велес, денеска премиерно ќе биде изведена претставата „Креонт и Антигона“, авторски проект на режисерот Дејан Ангелов.
Во создавањето на претставата се користени текстови од Жан Ануј, Софокле и од други извори. Сценографијата е на Филип Коруновски, костимограф е Раде Василев, композитор е Ставре Ангелаков, а плакатот е дизајн на Никола Пијанманов. Играат: Самоил Стојановски, Кристина Зафирова, Слободанка Чичевска, Елизабета Стефановска, Исидор Јовановски, Фаик Мефаилоски и Едис Дурмишевски.
„Креонт и Антигона“ е трета премиера на Велешкиот театар за оваа година, по „Елегија во пет здива“ и „Инферно“.
Подготвено од А.Ѓ.