https://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/4/40/A_large_Press_Conference_of_Vladimir_Putin_%282019-12-19%29_22.jpg

01.12.2022 Скопје

Денеска, Кремљ ги осуди плановите на Европска Унија за формирање на Трибунал за воени злосторства поради руската инвазија врз Украина, истакнувајќи дека таквото тело би било нелегитимно и неприфатливо за Москва.

Во текон на вчерашниот ден, претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен најави дека ЕУ ќе се обиде да формира специјален суд, со поддршка на Обединетите нации, за да ги истражи и гони евентуалните воени злосторства извршени од руските сили во Украина.

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков изјави дека за обидите да се формира некаков суд, тие нема да имаат легитимитет, воедно нема да прифатат и ќе го осудат тоа.

Западот и Киев се залагаат за формирање на специјален суд за кривично гонење на руските воени и политички лидери кои ги смета одговорни за војната, како и за сторителите на воени злосторства.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *