02.12.2022 Скопје
Мирослав Лајчак, специјалниот пратеник на Европската унија за дијалог меѓу Косово и Србија, изјави дека почетокот на пролетта 2023 година може да биде краен рок за постигнување договор меѓу Косово и Србија.
За приштинските медиуми, Лајчак изјави дека предлогот за конечно решение е европски предлог, со вклученост и силна поддршка на Германија и на Франција.
Специјалниот пратеник на Европската унија, Мирослав Лајчак, истакна дека целта е да се постигне целосна нормализација на односите меѓу Косово и Србија до почетокот на 2024 година, а она што не е направено до овој период, како што рече, можеби и воопшто нема да се направи. Воедно, оцени дека двете страни постојано разбираат колку е важен дијалогот за нив и дека сакаат напредок во нормализацијата на односите.
Подготвено од А.Ѓ.