11.12.2022 Скопје
Електронското издание „Euricalert“ пренесува дека британско истражување тврди дека првиот бран на Ковид-19 е поврзан со долгорочни симптоми на депресија.
Луѓето кои ја имале инфекцијата на почетокот на 2020 година имале 1,67 пати поголема веројатност да покажат клинички значајни нивоа на анксиозност по 13 месеци во споредба со оние кои не биле заразени во истиот временски период.
Утврдено е дека имањето ментална болест пред избувнувањето на пандемијата е поврзано со зголемени шанси за заразување со Ковид-19. Можни причини за ова може да вклучуваат фактори на животниот стил како што се пушењето, лошото физичко здравје поради лошото ментално здравје и полабавниот став кон следење на ограничувањата воведени поради новиот коронавирус.
Подготвено од А.Ѓ.