kosovsko zname

23.12.2022 Скопје

Косовските власти побараа НАТО да го транспортира поранешниот српски полицаец Дејан Пантиќ, кој беше уапсен пред две недели во Јариње.

Министерот Џељаљ Свечља изјави дека не можат да го префрлат Пантиќ во притворското одделение, бидејќи локалните Срби подигнале барикади за да го спречат неговото префрлање.

Министерот Свечља додаде дека Пантиќ треба да биде во притвор, а не во полициска станица, и за тоа бараат помош од меѓународните партнери да го префрлат во соодветна установа бидејќи Косов не поседува хеликоптери, а поради поставените барикади нема друга опција за транспорт.

КФОР во последните неколку дена веќе превезе девет полицајци, кои не можеа да ја напуштат областа бидејќи патиштата се блокирани, а косовските институции предупредија дека барикадите ќе бидат отстранети доколку КФОР не го стори тоа.

Подготвено од М.Н.

About Author