https://www.facebook.com/photo/?fbid=667339224979227&set=pb.100051094670379.-2207520000.

27.12.2022 Скопје

Властите во Приштина ги ставија косовските безбедносни сили во целосна борбена готовност и се подготвени да извршат напад на северот на Косово, оваа наредба се однесува за единиците од Приштина, Пеќ и Призрен, каде над 1.500 припадници на специјалните единици се подготвени за „напад“.

Претседателот на Србија и врховен командант на вооружените сили на Србија, Александар Вучиќ, исто така нареди вооружените сили на Србија и сите единици на МВР да бидат во највисок степен на борбена готовност.

Министерот за одбрана Милош Вучевиќ потврди дека претседателот Вучиќ издал наредба српските вооружени сили да бидат на највисоко ниво на борбена готовност, односно подготвеност до нивото на употреба на вооружените сили.

Подготвено од М.Н.

About Author