https://reporteri.net/lajme/raportohet-per-shperthime-ne-zubin-potok/

26.12.2022 Скопје

Во околината на Зубин Поток, минатата вечер околу 19 часот и 45 минути, се слушнал рафал од огнено оружје, а како што пренесуваат косовските медиуми до пукањето дошло кога специјалните сили на косовската полиција се обиделе да ги отстранат барикадите на алтернативниот пат.

По итна средба со претседателот Вучиќ и со премиерката Брнабиќ, началникот на Генералштабот на војската на Србија информираше дека веднаш по дојавите тргнал на пат за Рашка.

На социјалните мрежи доцна во ноќта се појави и видео на кое се слушаат рафали со придружен текст дека пукотници и најмалку една детонација одекнале на поширокото подрачје на Зубин Поток.

Србите од северот на Косово се на барикади веќе 16 дена.

Подготвено од М.Н.

About Author

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *