https://www.flickr.com/photos/80038275@N00/29741491182/in/photolist-Mj9V9J-Mj9Udq-QDg19E-W2qwhY-Rjaeqo-2g2VLXS-Rgfcri-CTAWey-2ggvjdQ-2k3FQxw-REMvuM-N6vomm-QQ7gpJ-N6vouC-QQ7gyS-2ggv7Q2-RkZzjS-2kaFmZR-QtdsTC-2biTaDo-2cYLTpi-R8swU7-2ksGY9V-2d8g2vD-2cSN5A1-2ksM4s6-2ew2ByX-XFNqQW-2auWoSw-Mj9TcY-2cgGJvy-2cafboA-2aaDzD3-2bZ4Kor-2dqMN56-R8LPAC-2bnhqLg-2ePzzBz-NQvjVD-2ew2BJr-2eJXAGC-PvmxBz-2a6WT1D-2ePzvki-2ePzv2H-2cSN5Y5-2ePzvai-RaW8Mh-2cSN65h-24Cog6M

20.12.2022 Скопје

Конгресниот комитет на САД денеска издаде препорака за поднесување кривична пријава против поранешниот претседател Доналд Трамп.

Комитетот едногласно побара од Министерството за правда да го гони Трамп, заради постоење основани сомненија дека сторил неколку кривични дела како што се поттикнување бунт, попречување официјална постапка, заговор за измама и давање лажни изјави.

Претставникот Џејми Раскин изјави дека се обезбедени значајни докази дека претседателот Трамп имал намера да ја наруши мирната транзиција на власта според Уставот.

Раскин истакна дека со доказите кои се собрани гарантира кривично гонење на поранешниот претседател Доналд Трамп.

Подготвено од М.Н.

About Author