diploma

14.12.2022 Скопје

Во поголемиот дел од Европа, процентот на млади лица што имаат универзитетска диплома е помал од 50 отсто. Процентот е далеку поголем во поголемите градови во речиси секоја земја, затоа што има повеќе можности за работа за високообразовани луѓе.

Лондон е област со најголем процент на млади луѓе со високо образование, 77,2 отсто во западниот дел од градот и 75,9 отсто во источниот дел.

https://landgeist.com/2022/11/26/young-europeans-with-a-university-degree/

По Лондон следува регионот Состинс околу главниот град на Литванија, Вилнус, каде што 73,4 отсто од младите лица имаат универзитетска диплома. Шпанската Баскија е, исто така, една од областите со најголем процент на млади луѓе со високо образование, со 66 отсто. Севкупно, Ирска, Луксембург и Кипар имаат најголем процент на млади луѓе со универзитетска диплома.

Романија има најмал удел на млади луѓе со високо образование. Скоро секоја област има процент под 25 отсто, а дури и го зазема дното во Европа. Меѓутоа, Букурешт има многу добри резултати, каде што 50,5 отсто од младите луѓе во Букурешт се со универзитетска диплома.

Мапата покажува дека во Република Северна Македонија процентот на млади со диплома се движи од 35 до 45 отсто.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author