klimatski promeni

14.12.2022 Скопје

Во студијата на невладината организација Меѓународен комитет за спас се наведува дека климатските промени, заедно со проблемите предизвикани од вооружените конфликти и економскиот пад, во 2023 година ќе ги забрзаат хуманитарните кризи ширум светот.

Агенцијата со седиште во Њујорк, предводена од поранешниот британски политичар Дејвид Милибанд, посочи дека изминатата деценија нагло се зголемил бројот на луѓе со хуманитарни потреби, приближувајќи се до 339,2 милиони во споредба со 81 милион во 2014 година.

Според Меѓународниот комитет за спас, климатските промени се меѓу клучните фактори кои ги забрзуваат хуманитарните вонредни состојби и покрај фактот што 20-те земји на нејзината листа за итни случаи, како Хаити и Авганистан, придонесуваат со само два проценти од глобалните емисии на јаглерод диоксид.

Во извештајот се посочува дека „2022 година покажа дека е непобитна улогата на климатските промени во забрзувањето на глобалната хуманитарна криза“. Воедно, студијата укажува на рекордни долги периоди на дожд, кои „донесоа катастрофална несигурност за храна во Сомалија и во Етиопија“ и убија илјадници луѓе во Пакистан.

Исто така, во извештајот се посочува дека во меѓувреме, несигурноста во снабдувањето со храна е веќе широко распространета поради растечките конфликти, како и економската криза предизвикана од руската инвазија на Украина и пандемијата со коронавирус.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author