20.12.2022 Скопје
Ројтерс пишува дека во градови ширум Кина се поставуваат болнички кревети и се градат клиники за откривање треска, бидејќи властите пријавија уште пет смртни случаи.
Меѓународната загриженост се зголеми после изненадувачката одлука на Пекинг да ги укине сите мерки и да го „ослободи“ вирусот.
Кинеските власти овој месец го укинаа строгиот режим на локдаун по протестите против ограничувањата што го држеа вирусот под контрола три години, но за тоа општеството и втората по големина економија во светот платија голема цена.
На населението кое брои 1,4 милијарди луѓе, му недостига природен имунитет кој бил долго време штитен. Расте загриженоста за можните смртни случаи, мутациите на вирусите и влијанието на целата ситуација врз економијата и трговијата.
Подготвено од А.Ѓ.