https://en.wikipedia.org/wiki/Leopard_2#/media/File:Leopard_2_A5_der_Bundeswehr.jpg

24.12.2022 Скопје

Украина го обнови своето барање за главниот борбен тенк на Германија. Во меѓувреме, Володимир Зеленски се врати во Киев по посетата на Соединетите држави.

Висок украински функционер ја повика Германија да воспостави „европски тенковски сојуз“ за да ја насочи воената помош за Киев.

Заменик-министерот за надворешни работи на Украина и поранешен амбасадор во Германија, Андриј Мелник, ја повика Германија да го снабди Киев со главниот борбен тенк Леопард и пешадиското борбено возило Мардер.

„Ако германската влада не сака да оди сама на испораките, тогаш Германија би можела да има водечка улога на континентот во ова, создавајќи европски тенковски сојуз“, рече Мелник.

Претходно, Мелник ја изнесе идејата за сојуз за снабдување со тенкови кога се повлече од функцијата амбасадор во октомври.

Во тоа време, Мелник посочи дека европските држави би можеле да ги здружат своите залихи од околу 2.000 тенкови Леопард 2 и да испорачаат 10% од нив во Украина.

Мелник, исто така, побара од Германија да ги следи Соединетите држави со испорака на системот за воздушна одбрана Патриот.

Берлин неодамна го испорача системот на НАТО партнерот Полска, но ја спречи Варшава да ја проследи опремата до Украина.

Претходно, германскиот канцелар Олаф Шолц изјави дека Германија нема еднострано да испорача тенкови на Украина без поддршка од другите земји во Европа.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author