https://www.facebook.com/photo.php?fbid=514819243342495&set=pb.100044432709489.-2207520000..&type=3

08.12.2022 Скопје

Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, изјави дека главниот град на Украина ќе се соочува со вистинска апокалипса доколку продолжат руските напади.

Кличко додаде дека не е време за целосна евакуација на населението, но предупреди дека најлошото можно сценарио не е толку далеку. Воедно, истакна дека Киев останува без струја, вода и греење, а можно е да ги погоди и апокалипса, исто како во холивудските филмови, потенцирајќи дека ќе биде невозможно да се живее на овие температури.

Градоначалникот на Киев истакна дека имаат подготвено околу 500 загреани засолништа, но во град со 3,6 милиони жители тоа не е ништо. Воедно, предупреди дека на овие температури има можност од пукање на цевките и целосното снабдување со вода ќе биде загрозено.

Кличко побара од граѓаните да ги подготват најосновните работи за можна евакуација. Тој, исто така, одговори на повиците на претседателот Зеленски дека Киев не е доволно подготвен за недостиг на електрична енергија и греење.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author