13.12.2022 Скопје
Поради ризикот во електраната Запорожје, министерот за енергетика во Украина, Герман Халушченко апелира светот да ја преиспита нуклеарната безбедност.
Халушченко истакна дека ова се однесува за сите земји во светот бидејќи нуклеарната катастрофа сите подеднакво треба да ги загрижува.
Според министерот за енергетика, треба итно да се преиспитаат протоколите на цивилната нуклеарна безбедност кои не го предвиделе тоа што се случува во Украина, односно до сега биле разгледувани само ризиците во случај на несреќа но не и ризиците и последиците поради руската окупација, а особено што околу таа локација и понатаму се вршат воени дејствија.
Халушченко моментално е во посета на Париз од каде што ќе упати и апел за помош на Украинците пред зимата откако во последните два месеца се урнати повеќе од 40 отсто од енергетската инфраструктура.
Подготвено од М.Н.