https://www.facebook.com/InStyleAustralia/photos/a.158228454195572/6265865730098450/

21.12.2022 Скопје

Секој обожавател на „Титаник“ сигурно многу пати дебатирал за тоа дали Џек морал да умре или не. Многу гледачи тврдат дека имало доволно место и за Џек и за Роуз на пловечката врата која стана импровизиран сплав, но Камерон е тука да им докаже на сите дека грешат.

Камерон откри дека спровел научен експеримент кој докажува дека две лица не можеле да преживеат на пловечката врата.

https://www.facebook.com/MIXdotmy/photos/pcb.10158813221991643/10158813221816643

Во едно интервју за промоцијата за „Аватар“, Камерон објаси дека имаат направено научен експеримент за да ѝ стават крај на оваа работа, со тоа што направиле темелна форензичка анализа со експерт за хипотермија кој го репродуцира сплавот од филмот, додавајќи дека земале двајца каскадери со иста телесна маса на Кејт Винслет и Леонардо ди Каприо. Им ставиле сензори и ги ставиле во студена вода за да видат дали може да преживеат преку различни методи, но резултатите покажале дека немало шанси да преживеат и двајцата.

Камерон истакна дека Џек требало да умре и тоа е како Ромео и Јулија, филм за љубовта, пожртвуваноста и смртта. Воедно, додаде дека љубовта се мери со пожртвуваноста и можеби по 25 години нема да мора повеќе да го објаснува ова.

Во 2019 година Камерон се најде на насловните страници во медиумите бидејќи бескрајната дебата за судбината на Џек ја нарече глупава.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author