https://www.facebook.com/photo/?fbid=510094653897642&set=pb.100046913359319.-2207520000.

07.12.2022 Скопје

Екипата на Каљари ќе има активен зимски преоден рок затоа што сака повеќе новитети во тимот, а една од желбите е македонскиот напаѓач Илија Несторовски.

Клубот од Сардинија и претходно беше заинтересиран за напаѓачот. Медиумите од Италија пишуваат дека Каљари разгледува опција да донесе четворица напаѓачи, двајца играчи во средниот ред и еден дефанзивец.

Листата на желби е долга, а во нападот се разгледува Илија Несторовски кој не ужива првотимски статус во Удине. Тука циркулираат и имињата на Кутроне и Симоне Заза. Македонецот има договор со „црно-белите“ до крајот на актуелната сезона.

32-годишникот оваа сезона одигра само осум натпревари за Удинезе и забележа еден гол и една асистенција. Каљари влезе во резултатска криза, се наоѓа на дванаесеттото место во Серија Б, но бодовната разлика со второпласираната Реџина е десет бода.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *