06.12.2022 Скопје
Државниот завод за статистика во последниот извештај соопшти дека цените на угостителските услуги во ноември годинава, во однос на истиот месец лани, се зголемени за 17.1 отсто.
Кумулативно, во периодот јануари-ноември годинава, во споредба со истиот период од 2021 година, цените се повисоки за 11.9%.
Во ноември годинава, пак, во споредба со претходниот месец, цените на угостителските услуги се зголемени минимално, за 0.1%.
Споредено по групи на услуги, зголемување е забележано во групите Храна за 0.1%, Алкохолни пијалаци за 0.5% и Безалкохолни пијалаци за 0.1%.
Подготвено од А.Ѓ.