https://www.facebook.com/balkanseriea/photos/a.354836051312161/5401532133309169/

06.12.2022 Скопје

Португалскиот стручњак Пауло Бенто по поразот на Јужна Кореја од Бразил објави дека повеќе нема да биде селектор на азиската репрезентација. На клупата на ова селекција беше четири години.

Кореја играше допадлив фудбал во Катар и со пласманот во осминафиналето ја оствари зацртаната цел, но ниту тоа не беше доволно за Бенто да ја промени својата одлука. Тој на конференцијата потврди дека го прекинува ангажманот со Фудбалскиот сојуз на Јужна Кореја.

Португалскиот стручњак во кариерата беше тренер на Спортинг, Крузеиро, Олимпијакос и Чонгкинг, а од 2010 до 2014 година беше селектор на Португалија.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author