https://www.flickr.com/photos/ludo29/5432614970

22.12.2022 Скопје

Во текст пред првиот официјален натпревар на Јунајтед без Роналдо во клубот, се наведува дека Роналдо си заминал, колку голови постигнал во два мандата на „Олд Трафорд“, колку натпревари одиграл и што освоил со клубот, исто така од клубот изразија благодарност за неговиот придонес и нему и на неговото семејство му посака се најдобро во иднина.

Португалската ѕвезда Кристијано Роналдо пристигна во главниот град на Саудиска Арабија, Ријад, каде ќе има финални преговари со газдите на Ал-Наср, клубот кој му понуди неверојатни услови за потпис на договор.

Кристијано во Саудиска Арабија нема да има можност повторно да ја освои Лигата на шампионите, што беше негова голема цел, но се очекува сериозно да ја наполни банкарската сметка бидејќи арапите имаат подготвено бомбастична понуда за напаѓачот со договор на три години и плата од 200 милиони долари по сезона.

Подготвено од М.Н.

About Author

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *