https://www.flickr.com/photos/casamatita/41616394025

28.12.2022 Скопје

Студентите кои се корисници на студентски годишен билет за бесплатно возење во јавниот превоз, неопходно е да го продолжат односно заверат билетот за 2023 година, доколку сакаат да користат бесплатен јавен превоз и во текот на наредната година, соопштија од ЈСП.

Од ЈСП меѓу другото информираат и дека студентите треба да приложат и потврда за редовен студент издадена од акредитирана високообразовна установа (не постара од 30 дена), оригинал индекс со запишан зимски семестар, како и лична карта.

На студентите бруцоши од студентската 2022/2023 година, билетот автоматски им важи и за наредната календарска година. Право на користење на студентски годишен билет за бесплатно користење на јавен превоз имаат сите редовни студенти на државните факултети во Град Скопје до додипломски студии, без ограничување на возраста.

Подготвено од М.Н.

About Author