olimpiski igri

23.12.2022 Скопје

Јапонскиот ревизорски суд објави дека организацијата на минатогодишните Олимписки и Параолимписки игри во Токио чинеше 20% повеќе од проценетата сума на организаторите.

Според извештајот на ова тело, за летните Олимписки Игри во Токио се потрошени 12,1 милијарди евра. Судот на ревизори изјави дека организаторите не вклучиле одредени државни трошоци поврзани со Игрите, вклучително и антидопинг мерки, обука на спортисти, јапонска храна во Олимпиското село и новиот Олимписки стадион.

Во извештајот, судот ја повикува владата навремено да ги открие целосните трошоци за организација на голем настан.

Портпаролот на јапонската влада Хироказу Мацуно изјави за новинарите дека владата сериозно го сфаќа извештајот на ревизорскиот суд и соодветно ќе одговори на него. Првично се очекуваше трошоците да бидат многу помали, но зголемувањето се должи на одложувањето на настанот поради пандемијата на корона вирусот во 2020 година.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author