30.12.2022 Скопје
Турската централна банка синоќа ги изврши првите трансакции со дигитални турски лири, соопшти Централната банка на Турција.
Како дел од првата фаза од работата на проектот Дигитална турска лира, успешно беа завршени првите трансакции за плаќање, стои во соопштението.
Во првиот квартал од 2023 година, банката ќе продолжи со тие пилот-студии што се спроведуваат заедно со засегнатите страни од областа на технологијата.
Во 2023 година се очекува голем број турски банки и компании за финансиска технологија да се приклучат на креираната платформа за дигитални лири, стои во соопштението на Централната банка.
Подготвено од М.Н.