https://www.facebook.com/NacionalnaOperaiBalet/photos/pcb.6509690612391437/6509689289058236/

05.12.2022 Скопје

На големата сцена на Националната опера и балет на 10 декември со почеток во 20 часот ќе се изведе балетската претстава во два чина „Дон Кихот“ од Лудвиг Минкус, во кореографија на Виктор Јаременко од Украина.

Диригент на претставата е Иван Еминовиќ. Сценограф е Андреј Злобин, додека под костимографијата се потпишува Гана Ипатиева од Украина.

За првпат во улогите на Китри и Базил ќе настапат Христина Наќевска и Балаж Лочеи (Унгарија).

Во улогата на Еспадо ќе настапи Бобан Ковачевски, а во улогата на Улична, Ивана Коцевска. Настапуваат солисти, балетскиот ансамбл и оркестарот на Националната опера и балет заедно со деца од балетскиот оддел на ДМБУЦ „Илија Николовски-Луј“.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author