https://www.facebook.com/SportskiCentarBorisTrajkovski/photos/5815690688451704

11.12.2022 Скопје

Спортското друштво „ИТК Македонија“, во соработка со „Пливачки клуб Атлантида“, денеска организираат интернационален пливачки натпревар за млади женски и машки пливачи и лица со атипичен развој „Atlas Winter Cup”.

Натпреварот ќе се одржи на базенот „Борис Трајковски”.

Организаторите истакнуваат дека следејќи го основното право на среќа за сите деца и инклузивност на децата со атипичен развој и инвалидизираните лица, овој уникатен настан е од големо значење за социјалниот развој на нашето општество.

На настанот е предвидена изјава од Мартин Мојсовски, претседател на Здружение на граѓани Спортско друштво ИТК Македонија и Ивана Танеска, претседател на Здружение на граѓани Пливачки клуб Атлантида – Скопје.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author