13.12.2022 Скопје
Чешкото Министерство за одбрана потврди дека неколку илјади украински работници ќе заминат во Чешка да работат во индустријата за оружје.
Чешкото радио објави дека доаѓањето на новите работници од Украина, заедно со развојот на одбранбената индустрија, може да и донесе финансиски бенефиции на земјата.
Чешкиот заменик-министер за одбрана Томаш Копечни изјави дека не зборуваат за бегалски бран, туку зборат за висококвалификувани работници кои ќе заработат пари за компаниите и ќе придонесат за чешката економија. Во однос на специфичните квалификации, производствените техничари се меѓу најбараните работници.
Според заменик министерот Копечни, Чешка сака да создаде заеднички чешко-украински кластери на индустрии, а меѓу нив е и секторот за оружје. Воедно, истакна дека ова е резултат од средбата меѓу чешкиот премиер Петр Фиала и украинскиот претседател Володимир Зеленски во Киев на крајот на октомври, додавајќи дека има јасен консензус дека ќе се изгради стратешка база за заеднички производствени капацитети за одбрана на Украина, Чешка и Алијансата.
Договорот главно се однесува на поправки во првата фаза и модернизација на тешката борбена опрема во подоцнежна фаза.
Копечни додаде и дека во првата половина на следната година, треба да започне конкретното производство на некои клучни системи или компоненти за оружје.
Подготвено од А.Ѓ.