28.12.2022 Скопје
Рафел Леао се уште нема потпишано нов договор, а актуелниот му истекува во јуни 2024 година, што значи дека росонерите можеби ќе треба да размислуваат за негова продажба доколку тој не прифати продолжување на соработката.
Се шпекулира дека Манчестер Сити е силно заинтересиран за Леао, и го нуди Џек Грилиш во замена за 22-годишниот Португалец.
Клубот Манчестер Сити за Џек Грилиш одвои 117 милиони евра, тој е нивното најскапо засилување, но Англичанецот засега не ја оправдува оваа сума.
Сепак тешко ќе биде да се случи една ваква размена, пред се поради платата која Сити ја дава на Грилиш а таа изнесува околу 17 милиони евра по сезона, а тоа е сума која Милан нема шанси да му ја понуди на Грилиш.
Подготвено од М.Н.