https://www.facebook.com/photo.php?fbid=706929504132522&set=pb.100044464358055.-2207520000.&type=3

28.12.2022 Скопје

На предлог на Министерството за економија Владата донесе одлука со која замрзнувањето на маржите при продажбата на одредени производи, продолжува да важи и по 31 декември, односно, како што е предвидено во новата одлука, до 30 април 2023 година.

Со друга одлука, од 1.800 на 2.100 денари е зголемен највисокиот износ којшто може едно лице да го оствари како право на поврат на дел од данокот на додадена вредност.

Владата го утврди и текстот на Предлог на Закон за нуспроизводи од животинско потекло, предложен од Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Целта на овој закон е обезбедување високо ниво на заштита на јавното здравје и здравјето на животните, како и заштита на безбедноста на ланецот на храната и храната за животните.

Со законот, според посоченото од ресорното министерство, се уредува постапувањето со нуспроизводите од животинско потекло и производи добиени од нив преку утврдување на начинот на собирањето, транспортот, отстранувањето, постапката, преработката, обработката, претварањето, складирањето, ставањето во промет, дистрибуцијата, употребата и нештетното отстранување на нуспроизводите од животинско потекло и производите добиени од нив. Со овој закон се врши усогласување со Регулатива на Европската унија.

Владата ја разгледа и ја усвои и информацијата за потпишување на Меѓународна спогодба со Европската Унија за учеството во програмата на Унијата, програма Дигитална Европа за периодот 2021-2027 година и го разгледа и прифати усогласениот текст на оваа спогодба, на предлог на Министерство за информатичко општество и администрација, при што го овласти министерот за информатичко општество и администрација да ја потпише Спогодбата.

Подготвено од М.Н.

About Author