24.12.2022 Скопје
Општина Аеродром ја продолжува традицијата на организирање хуманитарни и забавни настани.
На плоштадот зад ТЦ „Капитол“, на 28 и 29 декември, ќе се одржи дводневен новогодишен хуманитарен базар фест насловен „Подари среќа“ на кој ќе настапат Викторија Лоба, Лара Иванова, Сара Мејс, Фиц и Студени нозе, Ди Џеј Тодороф, но ќе има и магионичарско шоу, новогодишна претстава со Дедо Мраз, танцови настапи , а за најмладите и „Светот на Биби“. Забавата и во среда и во четврток започнува точно напладне, во 12 часот, и ќе трае до доцните вечерни часови.
Од Општина Аеродром информираат дека на хуманитарниот настан, посетителите ќе можат да купат новогодишни честитки и рачни изработки на децата од градинките и училиштата од прво до петто одделение, а средствата што ќе бидат собрани од акцијата ќе бидат донирани за помош на семејствата од социјално-ранливите категории.
Подготвено од А.Ѓ.