https://www.facebook.com/ZoranMilanovic/photos/pb.100044294146218.-2207520000./2626307877634836/?type=3

21.12.2022 Скопје

Хрватскиот претседател Зоран Милановиќ  изјави дека ЕУ се однесува недозволиво кон државата, наведувајќи го како пример „дрското и скандалозно писмо“ на шефот на европската дипломатија Жозеп Борел до хрватскиот министер за надворешни и европски работи Гордан Грлиќ Радман.

Милановиќ изјави дека не сакал да зборува за тоа порано за да не го загрози влезот на Хрватска во Шенген, со што ќе заврши хрватската историја, бидејќи сите крадци ќе можат да влезат во Хрватска без надзор, и без гранична контрола.

Милановиќ тврди дека Борел, кој е „хистеричен“ и „се заканува“ наоколу, во своето писмо измислува резолуции на Советот за безбедност и одлуки на европските совети, за Хрватска да не учествува во Алтеа.

Во мисијата Алтеа учествуваат повеќе од илјада војници од 20 земји, но не и од Хрватска, на чие учество се противат бошњачките политичари и некои европски земји.

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ побара од Грлиќ Радман да го објави одговорот на Борел на писмото, нагласувајќи дека тоа не е тајна, и најави дека доколку Радман не го објави, тоа ќе го направи тој.

Подготвено од М.Н.

About Author