05.12.2022 Скопје
Дојави за поставена бомба добија Врховниот и Вишиот кривичен суд во Хрватска, а во тек е евакуација на вработените.
Загрепската полиција наведува дека имаат добиено информации за можни експлозивни направи во неколку судови во градот, истакнувајќи дека во соработка со одговорните лица на институциите се утврдуваат сите околности.
Неколку стотици вработени во Општинскиот и Жупанискиот суд во Сплит се евакуирани од зградите поради дојава за поставена бомба.
Полицијата е на терен со кучиња и во моментов се врши увид на објектите.
Подготвено од А.Ѓ.