18.12.2022 Скопје
Фудбалската репрезентација на Хрватска го освои третото место на Светското првенство во Катар совладувајќи го Мароко во дуелот за бронзата со 2:1.
На почетокот од мечот и двете селекции постигнаа по еден гол. Јошко Гвардиол во седмата минута донесе водство за Хрватска, но само две минути подоцна израмни Ашраф Дари.
Хрватската репрезентација на полувреме сепак заминаа со предност откако Мислав Оршиќ постигна прекрасен погодок во 42.минута за водство од 2:1.
За репрезентацијата на Мароканците и самиот пласман меѓу четирите најдобри е огромен успех на овој Мундијал во Катар.
Подготвено од М.Н.