https://www.facebook.com/photo.php?fbid=679054833582246&set=pb.100044332064393.-2207520000.&type=3

14.12.2022 Скопје

Капитенот на Хрватска, Лука Модриќ, изјави дека неговата репрезентација е оштетена во полуфиналето на Светското првенство против Аргентина, односно го потенцираше пеналот во првото полувреме кога аргентинецот Меси го постигна водечкиот гол.

Модриќ потенцираше дека се разочарани од судиите на мечот и дека поради таа неправда ја изгубиле контролата на играта а секако и волјата за борба до крајот на фудбалскиот натпревар.

Хрватите ги очекува уште еден меч на Мундијалот во Катар, за третото место на 17 декември против поразениот од дуелот меѓу Мароко и Франција.

Хрватскиот капитен истакна дека мора пред се психички да бидат подготвени за тој меч и дека би било вистинска штета доколку ја испуштат бронзата после целата борба на овој мундијал во Катар.

Подготвено од М.Н.

About Author