05.12.2022 Скопје
Фудбалските репрезентации на Јапонија и Хрватска ќе вкрстат копја во осминафиналето на Светското првенство.
Селекторите Моријасу и Далиќ на час пред средбата ги отворија картите за пресметката која ќе го одреди следниот четвртфиналист. Двајцата имаа мали проблеми, Јапонците се без Такефуша Кубо кој е болен, додека Итакура има жолти картони. Кај „коцкестите“ недостига Борна Соса кој исто така не е во добра здравствена состојба.
Јапонија (3-4-3): Гонда; Танигучи, Јошида, Томијасу; Нагатомо, Морита, Ендо, Ито; Камада, Маеда, Доан.
Хрватска (4-1-2-3): Ливаковиќ; Јурановиќ, Ловрен, Гвардиол, Баришиќ; Брозовиќ; Ковачиќ, Модриќ; Крамариќ, Петковиќ, Перишиќ.
Натпреварот на „Ал Јануб“ се игра во терминот од 16:00 часот.
Подготвено од А.Ѓ.