19.12.2022 Скопје
Министерката за одбрана Кајса Олонгрен изјави дека Холандија сега и има обезбедено на Украина воена помош од 987 милиони евра.
Во писмото се наведува дека вкупната помош вклучува 697 милиони евра опрема, 120 милиони евра воена помош, 45 милиони евра за комерцијално стекнати стоки и придонес од 100 милиони евра за Меѓународниот фонд за Украина.
Холандија, исто така, придонесе со 25 милиони евра за Сеопфатниот пакет за помош на НАТО за Украина (UCAP).
Во писмото се споменува и теренската болница која Холандија заедно со Естонија и Норвешка ќе ја донира на Украина. Теренската болница, за која Холанѓаните ќе придонесат со 3,5 милиони евра, ќе вклучува одделение за интензивна нега и операциона сала.
Покрај воената помош, Холанѓаните испратија противвоздушен ракетен систем во април, а на 26 април следеа оклопни хаубици. Холанѓаните, исто така, ставија на располагање околу 20 милиони евра итна хуманитарна помош, со дополнителни 10 милиони евра за Молдавија, со цел да и помогнат на земјата да се справи со протокот на Украинци кои бегаат од војна.
„Украина не е сама во оваа борба. Холандија ќе продолжи да ја поддржува Украина за да може да се запре руската агресија и да се врати мирот“, рече Олонгрен.
Подготвено од А.Ѓ.