31.12.2022 Скопје
Холандската полиција заплени околу 650 килограми нелегален огномет од стан во јужниот дел на земјата по анонимна дојава.
Полицијата ја повикала и армиската служба за експлозиви, поради опасност од експлозија бидејќи некои од огнометите биле несигурни.
Службениците го уништиле огнометот и поднеле кривична пријава против лицата кај кои бил пронајден огнометот.
Оваа година холандската полиција заплени рекордни количества нелегален огномет, односно околу 700 тони до минатата недела, соопшти јавното обвинителство на Холандија.
Подготвено од М.Н.