26.12.2022 Скопје
Шефот на холандската централна банка Клас Кнот очекува дека Европската централна банка ќе продолжи да ги зголемува референтните каматни стапки за половина процентен поен во периодот јануари до јули 2023 година.
Кнот изјави дека се надева дека ЕЦБ ќе постигне „прилично пристојно темпо на затегнување“ на монетарната политика на следните пет состаноци, од сега до јули 2023 година, со зголемување на каматните стапки за половина процентен поен пред трошоците за задолжување да достигнат врв до летото.
Клас Кнот кој е и член на Управниот совет на Европската Централна Банка истакна дека се уште постои голем ризик за зголемување на референтните каматни стапки и дека Холандија е уште на почетокот на како што вели „второто полувреме“.
Подготвено од М.Н.