27.12.2022 Скопје
Со оглед на тоа што случајот „Де Ври“ треба да се слуша на почетокот на следната година, Шутен и Де Јонг не ја изгубија надежта. Но, и двајцата ја истакнаа итноста од изнаоѓање решенија и во земјата и во Европа за да се поправат правните грешки и да се заштитат луѓето од криминал.
Шутен истакна дека ова не е Италија во 1950-тите, ова е Холандија во 2022 година, каде што „се занимаваме со организиран криминал“, потенцирајќи дека ова е прашање на сите земји во Европа, а не само на Холандија.
Додека мафиите во Италија напредуваа од раните 1900-ти, во последно време се појавија организирани криминални групи низ ЕУ, според извештајот од 2021 година на Европол, агенцијата за криминал на ЕУ.
Во извештајот се истакнува дека близу 40 отсто од криминалните мрежи активни во ЕУ се вклучени во трговијата со нелегални дроги. Покрај тоа, се вели дека 65 отсто од криминалните групи активни во блокот се исто така составени од членови од повеќе националности.
Холандскиот министер за правда и безбедност, Дилан Јесилгоз-Зегериус, истакна дека Холандија соработува со други европски земји како соседна Белгија за „да победи во борбата против организираниот криминал“.
„Инвестираме дополнителни 700 милиони евра плус структурно во наредните години и го обезбедуваме системот и луѓето кои работат во справувањето со организираниот криминал како адвокати, новинари и локални службеници и администратори“, додаде Јесилгоз-Зегериус.
Но, според Де Јонг, борбата ќе биде долга.
Де Јонг смета дека криминалноста нема да заврши со пресуда, како и дека со ова „ќе се занимаваме со децении и се разбира, владата се обидува се бори со ова“. Но, во тој аспект, според Де Јонг, треба да се сфати дека треба да се одржи рамнотежата во правосудниот систем. Воедно, додаде дека „ако силно се борите против криминалот, погрижете се да им го дадете на обвинетите и на осомничените она што им треба: „добра одбрана“.
Подготвено од А.Ѓ.