https://www.flickr.com/photos/7444188@N05/8321137125/in/photolist-dFj1at-nf1vcn-mWFNQM-JxYPPW-6Qjz3o-28B3bfN-ncA2XS-orriho-7S2HKv-9E2MAL-AJFdne-29nQUG8-9Cgr8B-27BT18n-cdMwA1-2aGGXcQ-9R1RH9-djcm2k-adBbXi-CQUv5y-ccW7V5-9ZpC74-bWqbnB-dDB1aJ-2vEYre-V7DZq-nmzrtB-b81qDn-EvGWWH-mv9xR-cJTfwA-2dyHnrs-pBcyfb-YxQngm-EPtp6b-XM8AS1-6kH9Kv-Jz1uaw-99hQTR-bvGkFG-Nz5tWV-fsxhUu-6HMSck-7TJqxL-c9Ume7-8bT1FT-2dJcxWq-6kswRp-KsRo5k-KZJm3a

04.12.2022 Скопје

Холандските медиуми објавија дека Холандија нема да го поддржи барањето на Бугарија за влез во Шенген зоната на состанокот на Советот на ЕУ во Брисел следната недела.

Претходно, холандската администрација донесе одлука да го поддржи пристапувањето на Романија и Хрватска во Шенген, притоа блокирајќи ја Бугарија.

Министрите сметаат дека Бугарија не ги исполнува потребните услови за членство во Шенген.

Според холандскиот министер за надворешни работи Вопак Хоекстра, премногу е рано Бугарија да влезе во Шенген. Воедно, не ја исклучи можноста Холандија да ја преиспита својата одлука кога ќе стане јасно дека Бугарија е способна да се бори против корупцијата и организираниот криминал.

Холандскиот премиер Марк Руте изрази загриженост дека пристапувањето на Бугарија во Шенген зоната може да предизвика прилив на илегална миграција.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author