27.12.2022 Скопје
Од кабинетот на генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш изјавија дека тој е подготвен да посредува за одржување мировен самит за Украина, но само со согласност на сите страни, вклучително и Русија.
По повод иницијативата на Киев за одржување на самит за Украина, чиј посредник би бил Гутереш, во кабинетот на генералниот секретар било кажано дека може да посредува само доколку сите страни сакаат да бидат посредници.
Украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба изјави дека неговата земја сака да учествува на самит за завршување на војната, но дека не очекува Русија да учествува на тој собир.
Кулеба истакна дека пред директните разговори на неговата земја со Москва, Русија мора да се соочи со Трибуналот за воени злосторства и додаде дека сепак другите земји имаат целосна слобода да разговараат со Русите, како што беше случајот кога беше постигнат договор за извоз на жито меѓу Турција и Русија.
Подговено од М.Н.