https://www.facebook.com/photo/?fbid=738837284266055&set=pb.100044193711021.-2207520000.

31.12.2022 Скопје

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган се сретна со претседателот на Црна Гора, Мило Ѓукановиќ во Анкара.

Ѓукановиќ престојуваше во работна посета на Република Турција, на покана на турскиот претседател.

Претседателот на Црна Гора, Мило Ѓукановиќ изјави дека Западен Балкан е европски регион со хроничен проблем на нестабилност, и додека не се создаде посигурна стабилност во регионот, нема да има ниту просперитет ниту чувство на безбедност во Европа.

„Мислам дека односите се взаемно засновани на многу долга традиција на дипломатски односи, кои во меѓувреме прераснаа во примерно, цврсто, блиско пријателство“, додаде Ѓукановиќ, и соопшти дека фокусот во разговорот со Ердоган бил на економската соработка меѓу двете земји.

Подготвено од М.Н.

About Author