https://www.flickr.com/photos/iaea_imagebank/52027720457/in/photolist-2ngvEF4-2ngBcPc-2nLU9HG-bC8mRj-2ntSu11-2kRArm9-2mctimE-2nPFFq3-2iBhq6u-2mAqJ2o-2nMG5zd-2nAEPXQ-2mtqena-2noVGCR-2nfPSGm-2nMGCmq-2mFXtng-2ntM9HQ-2niqJWP-bR33C2-2nPWgwT-2kY4dR5-2m24ogj-2nJ2VtY-2mxUtTU-bC8mZN-2n6qfzC-2mPx3Cs-2mcQBrZ-2mntVLe-9keTuo-2nJ2hrq-2nJ2da2-2mjrozC-2jxB8RU-2nJ8D1j-2kLeqcH-2nJ9igo-2nJ2d8U-2nLU9EF-2nJ2d8Z-2nJ9ifb-2nMG5yb-2kfHHfa-2kLeqfo-2kxTFB4-2kRzoQs-2kLeTWB-2hX4xEb-2hX1Y5w

15.12.2022 Скопје

Генералниот директор на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), Рафаел Гроси, соопшти дека агенцијата ќе вложи максимални напори да ја запре нуклеарната програма на Северна Кореја, и додаде дека ја споделува загриженоста на меѓународната заедница за севернокорејското нуклеарно прашање.

Гроси го посети Сеул на покана на јужнокорејскиот претседател Јун Сук-Јол, со цел агенцијата заедно со Јужна Кореја да одговори на официјален Сеул, односно на нуклеарните провокации на Северна Кореја и да обезбеди денуклеаризација на регионот.

Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) нема увид во нуклеарната програма на Северна Кореја откако Пјонгјанг ги протера инспекторите на агенцијата уште во 2009 година.

Подготвено од М.Н.

About Author