15.12.2022 Скопје
Здравственото истражување на компанијата Штада, кое опфатило над 30 000 испитаници во 15 земји, меѓу кои и Србија предупредува дека 36% од граѓаните на Србија не се грижат доволно добро за својата исхрана, а од нив 43 % се жалат на лошо варење, горушица и други проблеми со варењето на храната.
Богатата трпеза со обилни вкусови, бои, мириси, поради претстојните слави но и новогодишните празници носат обилни и калорични оброци кои можат да предизвикаат низа здравствени тегоби и да го расипат празничното расположение. Затоа е важно да имаме мерка, бидејќи нашиот стомак се преоптеретува, особено кога е во прашање мрсна и зачинета храна.
Поради тоа здравственото истражување на Штада 2022 предупредува да се внимава на внесот на калоричната храна во организмот бидејќи голем е бројот на испитаници кои подоцна имаат здравствени проблеми токму во периодот после празниците.
Лошото варење и горушицата најмногу ги мачат Полјаците (45 %) и граѓаните на Србија (43 %), но и Шпанците (41 %), додека сериозни хронични проблеми со системот за варење пријавуваат 4 % Европејци и 3 % граѓани ма Србија.
Подготвено од М.Н.