12.12.2022 Скопје
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека неодамнешното тестирање на турска балистичка ракета ја исплаши Атина, потенцирајќи дека Анкара нема да седи со скрстени раце доколку Грција продолжи да ги милитаризира своите острови во Егејското Море.
Турција во октомври тестираше балистичка ракета со краток дострел од домашно производство „Тајфун“ над Црното Море, која, како што беше најавено, може да погоди цел на растојание од 560 километри за 456 секунди.
Според Анадолија, Анкара е вознемирена од зголеменото трупање на грчката армија на островите во близина на нејзиниот брег, но и од воената поддршка што Грција ја добива од САД.
Подготвено од А.Ѓ.