23.12.2022 Скопје
Согласно привремените податоци од Банката на Грција стои дека за 11 отсто се намалил бројот на туристи кои ја посетиле Грција од јануари до октомври 2022 година, во споредба со истиот период во 2019 година, односно последното лето пред пандемијата, а намалување за 2,6 проценти, има и во однос на приходите.
За 10 месеци Грција ја посетиле 26,4 милиони туристи, приходите достигнуваат до 17 милиони евра, бројки зголемени за 92, односно 70,4 проценти во споредба со јануари-октомври 2021 година, кога се уште постоеја мерки и рестрикции поради Ковид-19.
Затоа ставот на официјална Атина е дека споредбите за туризмот во земјата се вршат со податоците од 2019 година, односно последното лето пред пандемијата Ковид-19, кога во Грција имаше рекорден број туристи.
Најбројни се посетителите од земјите членки на Европската Унија, вкупно 16,3 милиони, за осум отсто помалку од 2019 година, но со зголемени приходи од 3,8 проценти, а од Русија оваа година се намалиле за 93,7 отсто во споредба со минатата година.
Подготвено од М.Н.