https://www.facebook.com/photo.php?fbid=525848186023148&set=pb.100057939134698.-2207520000.&type=3

29.12.2022 Скопје

Портпаролот на грчката Влада, Јанис Иконому, изјави дека тактиката на закани и провокации во кои се препушта Турција е апсолутен ќор-сокак, бидејќи Грција ниту се застрашува ниту се плаши.

Иконому истакна дека рчката Влада постапува исклучиво имајќи ги предвид меѓународното право и националните интереси. Воедно, додаде дека „би било корисно турските власти да го земат предвид ќор-сокакот и да не продолжат по истиот пат во новата година”.

Писмената изјава на портпаролот на грчката Влада доаѓа откако шефот на турската дипломатија Мевлут Чавушоглу денеска изјави дека Анкара нема да дозволи Грција да ги прошири границите на нејзините територијални води во Егејското Море, додавајќи дека одлуката на турскиот Парламент од 1995 година за ова прашање сè уште е на сила.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *