https://www.flickr.com/photos/madgrin/16419673761/in/photolist-r1X7Xt-2icvA9y-9HJxZm-9HJHf5-98SWmd-nKULzy-qYP2DW-7eyT5x-EkKx2T-9HJc1d-9HFP8p-ndKdMV-ehioeP-ehp8Wb-9HJsC7-ehDYxy-ehp93G-9HJFfo-ehDXww-ehipci-9HFSXn-ehp9aW-9HJtqU-ehp8PA-9HFjVD-ehDYEJ-9HJGmo-71RL6m-JHXeiR-8rY9X8-8rYaAK-oJ5fuz-8rYapD-22SVpaK-EkKwCr-8rY9vp-8s2byw-3UqTs1-tXcjBR-8s2cVw-8s2c47-8rY68V-8s2csN-8s2e1b-75yjt-xo9GiY-8rY94r-75jERi-23QBM9w-8s2eg9

17.12.2022 Скопје

Папата Франциск донесе одлука да и врати на Грција три дела од античкиот храм Партенон над Атина, кои се стари 2.500 години, и кои уште од 19 век се наоѓаат во папските збирки во ватиканските музеи.

Од Ватикан соопштија дека украдените старогрчки артефакти папата официјално ќе му ги предаде на поглаварот на Грчката православна црква, Јероним Втори, како гест на екуменски дијалог со Римокатоличката црква.

На Грција ќе бидат вратени дел од главата на коњот што ја влече колата на божицата Атина на западната страна на познатиот храм на Акропол, како и скулптурите „глава на момче“ и „човек со брада“.

Засега не е познато како ќе постапи атинскиот архиепископ Јероним со скулптурите, односно дали тие ќе бидат изложени во некој од грчките музеи.

Подготвено од М.Н.

About Author