https://www.facebook.com/photo.php?fbid=716652633153742&set=pb.100044270357638.-2207520000.&type=3

19.12.2022 Скопје

Шефот на грчката дипломатија Никос Дендиас, кој е во официјална посета на Белград, изјави дека официјална Атина го поддржува дијалогот меѓу Белград и Приштина за да се постигне правно обврзувачко решение кое ќе биде прифатливо за двете страни.

Дендиас по разговорот со министерот за надворешни работи на Србија, Ивица Дачиќ изјави дека и во Приштина ќе го повтори истото и истакна дека Грција ќе продолжи да го поддржува европскиот пат на Србија.

Дендиас соопшти дека пред неговата посета на Западен Балкан остварил телефонски разговор со Мирослав Лајчак за дијалогот меѓу Белград и Приштина и напорите преземени за намалување на тензиите на северот на Косово.

Министерот за надворешни работи на Србија, Ивица Дачиќ за актуелната ситуација на Косово изјави дека во интерес на Србија е да го зачува мирот и да води дијалог за спорните прашања со Косово.

Подготвено од М.Н.

About Author